Лазаров: Имаме талент, желба и одлични дечки, се надевам дека ќе бидеме уште подобри

447

Македонија ја совлада Грција во последниот контролен меч пред почетокот на ЕП во Германија. Селекторот Кирил Лазаров
Делумно сум задоволен, водевме шест и седум голови. Не беше лесно игравме со квалитетна репрезентација, Грците многу вложуваат во ракометот. Мислам дека можеме уште малку подобро, а кога се игра дома публиката ти дава поддршка, ти дава ветер во грб, но истовремено притисокот е поголем, немаш право на грешка. Бевме малку хендикепирани во ротација (Пешевски и Марковски поради повреди), но мислам дека можеме да го кренеме процентот на успешност“, изјави Лазаров.

Вие можете да имате било каков систем, но истовремено морате да се прилагодите на такви играчи какви што имате. ВО овој момент мислам дека го имам избрано правиот систем што го играме и дефанзивно и офанзивно. Мораме да се снаоѓаме, знаеме што не очекува, какви противници имаме. Ракометот оди напред, ние мораме да одиме напред. Имаме талент, имаме желба, имаме одлични дечки и се надевам дека ќе бидеме се подобри и подобри“, додаде македонскиот селектор.

ПретходноГрција на „колена“, ракометарите победнички тргнаа во 2024 година (ФОТО)
СледноМитревски: Имаме многу силни противници на ЕП, но се е можно