Пелистер остана без Американецот: Бернард се пресели во Хелиос Домжале

117

Еден од најдобрите кошаркари на Пелистер, Американецот Малком Бернард од денеска е нов член на словенечки Хелиос Домжале.

Словенечкиот клуб, член на АБА 2 конкуренцијата, денеска го потврди трансферот на 29-годишниот Американец, кој сезонава ја почна како член на Пелистер, каде имаше просек од 15 поени, 5 скока и 5 асистенции на натпревар во дуелите од АБА 2 конкуренцијата.

„Многу сум среќен што му се приклучувам на Хелиос, добро етаблиран клуб со голема традиција. Тимот веќе има неколку одлични играчи кои ги познавам и ги почитувам, но тие имаа многу лоша среќа со повреди оваа година. Ќе се трудам максимално да придонесам за победничкиот менталитет на тимот и се надевам дека заедно ќе ги постигнеме зацртаните цели“, изјавил Бернард по пристигнувањето.

ПретходноШест дена до ЕП 2024: Ракометарите во “турбо ритам” (ВИДЕО)
СледноЗа првпат во клупската историја: Арсенал на ФА куп мечот со Ливерпул во комплетно бели дресови