Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Грција има водство од 18-15. Ова е претпоследна контрола за избраниците на Кирил Лазаров пред заминувањето за ЕП 2024.
Македонија го урна отпорот на противникот во последните десет минути, одбраната стана поцврста, а нападот течеше течно.
Митревски има седум одбрани, Костески пет гола, додека Лазаревски четири.
Нашите ракометари не го започнаа мечот најдобро. Грција отвори со два гола во низа, Македонија првиот гол го постигна во петата минута преку Петар Атанасијевиќ. Противникот одржуваше позитива од еден до два гола.
Кон средината на првото полувреме, по двете интервенции на Митревски и реализираниот седмерец на Кузмановски, Македонија не искористи шанса да израмни, на другата страна Грција реализираше за 6-8. До првото израмнување дојдовме во 20 минута, Јагуриноски и Кузманоски погодија за 10-10, Митревски запиша значајна одбрана.
Од овој момент се играше егал се до 27. минута кога по нова одбрана на Митревски, Костески реализираше од цепелин на асистенција на Кузманоски за еурпција во салата и прво водство на мечот од 14-13. Нашите момци не застанаа тука, со нова серија во изведба на Омерагиќ, Костески (два гола) и Савревски, Македонија поведе со 18-14.