Во Манчестер Јунајтед нема да има само продажба оваа зима, туку и потпис на нови договори. Всушност клубот ја искористи опцијата за да ги продолжи договорите на тројца фудбалери на уште една сезона.
Тоа се десниот бек Арон Ван-Бисака, централниот бек Виктор Линделоф и играчот од средниот ред Ханибал Мејбри. Исто така продолжуваат преговорите за обновување на соработката со француското дуо Рафаел Варан и Антони Марсијал.
Ван Бисака дојде во 2019 година од Кристал Палас и за „црвените ѓаволи“ досега одигра 175 натпревари. Линделоф е во Јунајтед од 2017 година. Ханибал оваа сезона е првотимец.