Екипата на Барселона со многу мака ги освои бодовите на гостувањето кај Лас Палмас во рамките на 19.коло на Ла Лига. Составот на Чави победи со 2:1 на „Гран Канарија“ и покрај лошата игра, посебно во првото полувреме и многу нервоза.
Во првото полувреме играчите на Барса не ни шутнаа во рамките на противничкиот гол. Во второто ја подобрија статистиката и на крајот двапати реализираа.
Фудбалерите на Лас Палмас поведоа со голот на Мунир Ел Хадади во 12.минута, а Барса изедначи со голот на Феран Торес во 56 минута. Во 91 минута судијата покажа на белата точка откако Дејли Синкгравен го турна Гундоган во казнениот простор кога Турчинот се обиде да скокне и да ја удри топката со глава. Притоа Холанѓанецот доби црвен картон, а од белата точка погоди Гундоган со што ги обезбеди бодовите.
Барселона шест пати по ред го победува Лас Палмас.
На табелата Барселона има 41 бод на третото место, седум помалку од лидерите Реал Мадрид и Џирона. Лас Палмас е на десеттото место со 25 бода.
🇪🇸 Goal: Munir El Haddadi | Las Palmas 1-0 Barcelonapic.twitter.com/AawmcRW7pE
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 4, 2024
🇪🇸 Goal: Ferran Torres | Las Palmas 1-1 Barcelona | 🅰️ Sergi Robertopic.twitter.com/qvFUiK2iLb
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 4, 2024
Ilkay Gundogan wins and scores the penalty.
Las Palmas 1-2 Barcelona.#LasPalmasBarça
pic.twitter.com/O1dQmVssGf— $ 🇵🇸 (@samirsapientia) January 4, 2024