По неколку месечна пауза поради повреда, деновиве се очекува Кевин Де Брујне, најдобриот фудбалер на Манчестер Сити и еден од најдобрите во светот, конечно да се врати во тимот на Пеп Гвардиола. Но “бомбата“ е она што го лиферува порталот “Goal.com“, кој посочува дека наскоро, веројатно во јуни, Белгиецот ќе се пресели во С. Арабија и тоа во тимот на Кристијано Роналдо, Ал Наср. Понудата до него е околу 100-150 милиони евра годишно, а добра пара би требало да земе и Сити, ако се знае дека Де Брујне има договор со “граѓаните“ до јуни 2025 година.