Вечерва ќе “гори“ во Арената во Белград: Мега – пресметка во Евролигата меѓу Ц. Звезда и Партизан!

624

Вечерва од 20 часот во “Штарк Арената“ во Белград силите ќе ги одмерат српските и балкански кошаркарски гиганти Ц. Звезда и Партизан. Ова воедно ќе биде и дерби на ова 19.коло во Евролигата. Јасно е дека во Арената ќе “гори“. Фановите на Ц. Звезда ќе ја наполнат Арената, ќе има најмалку 22.000 фанови, но поважно е што ќе каже на крајот семафорот.

И двете екипи се во добра форма, откако пред два дена “црвено – белите“ го победија Фенербахче среде Истанбул, а “црно-белите“ пак си поигруваа со Асвел.

Домаќинот“ можеби е во мала предност зошто игра пред своите фанови, но и поради фактот дека големиот тренерски маг Жељко Обрадовиќ не ќе може да смета на Ледеј и Аврамовиќ поради повреди.

Од друга страна токму Жељко ќе биде големиот адут за Партизан.Тој и тоа како знае што треба да се стори за да се победи една силна екипа како онаа на Ц. Звезда.

Во пресрет на ова дерби, на клубовите кои имаат и по 20 милиони евра буџет, табелата кажува дека Партизан е на делба на 5.место со скор од 10 победи и 8 порази, додека Ц. Звезда е на делба на 13.место скор од 7 победи и 11 порази.

ПретходноДортмунд е чудо: Го продадоа за 85 милиони евра, а сега го вратија за само 3 милиони!
СледноЕкс-тренерот на Базел ќе го спасува Келн