Македонската ракометна репрезентација победнички ја започна Новата Година. Нашите ракометари ја добија првата од двете контролни средби против Грција, славеа со 33-30 (18-15) во рамките на подготовките за настап на Европското првенство 2024 година.
На оваа средба Лазаров не сметаше на Жарко Пешевски од пикерите, поради температура не беше во составот. Мартин Томовски не доби шанса, како и Никола Маркоски.
Митревски запиша девет одбрани, Кизиќ една. Најдобар стрелец беше Милан Лазаревски со осум гола, Ненад Костески запиша шест, Филип Кузмановски пет гола.
Избраниците на Кирил Лазаров беа во грч во поголем дел од првото полувреме, Грција отвори со 0-2, позитива која ја имаше под контрола пред стартот на последните десет минути. До првото израмнување Македонија дојде во 20. минута, Јагуриноски и Кузманоски погодија за 10-10, Митревски запиша значајна одбрана.
Од овој момент се играше егал се до 27. минута кога по нова одбрана на Митревски, Костески реализираше од цепелин на асистенција на Кузманоски за еурпција во салата и прво водство на мечот од 14-13. Нашите момци не застанаа тука, со нова серија во изведба на Омерагиќ, Костески (два гола) и Савревски, Македонија поведе со 18-14. На одморот резултатот беше 18-15.
Во второто полувреме сликата се промени. Македонија беше таа која доминираше на стартот, со три гола во реализација на Велковски (два) и Лазаревски поведе со 21-15 по само три минути игра. На момент нашите ракометари застанаа примија два гола, но одбраната брзо се консолидираше, а веќе на семафорот стоеја 23-17 со голот на Џонов.
На средината на второто полувреме, Кузмановски со третиот погодок зголеми на 26-19. До крајот на натпреварот, позитивата се движеше од пет до шест гола, Грција веќе беа на колена, а нашите момци без проблем го приведоа дуелот.
Вториот меч се игра во 18 часот, но истиот е затворен за јавноста.