Македонската ракометна репрезентација денеска (17 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ги одмери силите со Грција во рамките на подготовките за Европското првенство кое стартува за шест дена. Кирил Лазаров и неговите избраниците ќе одиграат два меча со нашиот јужен сосед, втората средба е утре, но таа е од затворен карактер.
Овие два натпревари ќе бидат последен тест пред стартот на европскиот предизвик, кој за нашите момци дефинитивно ќе биде еден од најтешките. Македонија е во група со Франција, Германија и Швајцарија. Па поддршката од фановите денеска ќе биде добредојдена, ќе биде ветер во грб за нашите момци пред јануарскиот поход во Германија.
Првата средба ја игра на 10. јануари во Дизелдорф на стадионот Меркур Шпил Арена пред повеќе од 50.000 фанови ќе ги одмери силите со Франција. Четири дена подоцна во Берлин игра против домаќинот Германија, додека групната фаза ја затвора против Швајцарија. Само првите две селекции одат во следната рунда.
Македонската експедиција за Германија заминува на 8. јануари.