Две американски засилувања за ЖКК Бадел 1862

205

Еден од најтрофејните кошаркарски клубови кај нас, ЖКК Бадел 1862 доведе две нови засилувања во зимскиот преоден рок. Станува збор за Американките Дестини Томпсон и Данеја Баркли, кои до крајот на сезонава ќе го носат дресот на овој клуб.

Томпсон во сезоната 2022/23 настапуваше во редовите на ЖКК Војводина 021, Србија. Во Првата лига на Србија на 24 натпревари просечно поминуваше на терен по 21.7 минути, постигнувајќи по 8.1 поени/натпревар, 6.4 скокови/натпревар, додека во WABA лигата на 18 натпревари на терен поминуваше во просек по 23.1 минута, постигнуваше по 8.6 поени/натпревар, 6.4 скокови/натпревар.

Баркли во сезоната 2021/22 настапуваше за Villa Maria College (USCAA), кадешто на 22 натпревара во просек постигнуваше по 20.4 поени/натпревар , 8.5 скокови/натпревар.

ПретходноПолувреме: Македонија води против Грција со три гола
СледноМанасков и Стоилов со поддршка од трибините