Почнува ЕП во ватерполо: Нов формат и две земји организатори

445

Денеска започнува Европското првенство во ватерполо кое за првпат во историјата ќе се организира во две земји и три града, па ватерполистките од 5 јануари ќе играат во Ајндховен, додека машкиот турнир ќе започне денеска во Загреб и Дубровник.

Во последен момент Хрватска и Холандија добија можност да бидат домаќини на ЕП, кое требаше да се игра во Израел, но поради војната се бараше нов домаќин. И покрај „прераспределбата“ на првенството во последен момент, хрватските организатори завршија огромна работа за само еден месец.

Шампионатот ќе биде историски и од друг аспект, бидејќи дебитира и дволигашкиот формат на натпреварувањето. Во првата лига, осумте најдобри селекции од 2022 година ќе играат во две групи, додека осумте селекции кои минаа низ квалификациите се исто така се распоредени во две групи по четири селекции.

Со тоа се обезбедуваат поатрактивни и повозбудливи натпревари во групната фаза, за да се избегнат победи со по 20 гола разлика.

Двете првопласирани екипи во првата дивизија директно ќе се квалификуваат во четвртфиналето, додека третопласираните и четвртопласираните тимови ќе се соочат со прво и второпласираните тимови од втората дивизија.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:

17.00 Црна Гора – Франција

17.00 Грузија – Италија

19.00 Унгарија – Грција

20.15 Шпанија – Хрватска

ПретходноИако го оспоруваат: Онана за 24 часа ќе настапи на два меча на два континенти!
СледноУште едно признание: Роналдо ќе ја добие наградата „Марадона“