Неверојатна фудбалска приказна и тоа во изведба на Борусија Дортмунд. Имено “милионерите“ во 2021 година го продадоа Џејдон Санчо на Манчестер Јунајтед за 85 милиони евра, а сега тој, оваа зима, го вратија за само 3 милиони евра. Толку ќе ги чини позајмицата на англискиот суперстар кој во изминатте две години како член на Манчестер Јунајтед не покажа ни дел од она што покажуваше ако фудбалер на Борусија Дортмунд.
Инаку според “Билд“, Санчо утре би требало да замине во Марбеља (Шпанија) каде фудбалерите на Дортмунд се наоѓаат на мини зимски подготовки.