Лазаревски одигра одлично, но остана скромен: Колективот го„исфрла“ поединецот на површина

514

Милан Лазаревски одигра одличен натпревар против Грција. Во победата на македонската ракометна репрезентација постигна осум гола и беше вистински лидер, покрај головите тој покажа лавовска борбеност на теренот.

И тој како Никола Митревски размислува исто кога станува збор за Грција потенцирајќи дека е потценета. Главната цел на овие контроли е да се видат грешките и истите да се сведат на минимум пред стартот на вистинското.

Што се однесува до неговата партија, остана скромен како и секогаш.

„Овој натпревар не беше ниту малку наивен. Грчката репрезентација е доста потценета. Имаме информација дека во нивниот штаб имаат француски советник, па кренато е нивото на репрезентацијата. Од друга страна, нашиот селекотор добро нè подготви. Секако дека имавме подеми и падови, меѓутоа поентата е да ги сведеме грешките на минимум. Имавме доста тактички замисли кои моравме да го испробаме и тогаш веројатно имавме осцилации. Со нетрпение го очекуваме настапот на Европското првенство. Како што кажав веќе, би било неблагодарно превреме да прогнозираме. Сепак, можам да кажам дека нашето неискуство ќе биде надополнето со желба и тоа нема да се одрази. Сметам дека ќе имаме добар настап. Благодарен сум за повикот, чест и задоволство е да се игра за репрезентацијата. Мислам дека на сите позиции сме добро потковани, а колективот го исфрла поединецот на површина. Денес ми се погоди мене, утре ќе биде некој друг“, изјави Лазаревски.

ПретходноБизарно: Ѕвездите на Реал и Фламенго си ги размениле девојките со кои имаат деца! (ФОТО)
СледноЕлмас: Дајте ми четири до пет месеци и ќе го видите најдоброто од мене