Македонската ракометна репрезентација на второ големо првенство ќе биде со променет состав. Оние легендарни имиња кои долго време го носеа националниот дрес одлучија да се повлечат, но останаа до крај со „црвено-жолтите“. Најголемиот мотиватор и борец од легендарните имиња е Стојанче Стоилов. Екс-репрезентативецот во друштво со Дејан Манасков дојдоа да ги бодрат ракометарите на дуелот со Грција.