Нилтињо го напушти Шкупи и ќе игра за бразилски третолигаш

452

Бразилскиот напаѓач Нилтон Родригез – Нилтињо го напушти Шкупи по само пет месеци откако пристигна на Чаир како замена за Реналдо Цефас. Инаку тој дојде од Малта откако претходно играше за неколку клубови во Бразил, а тој се враќа во татковината и ќе игра локалниот третолигаш Алагоано.

Инаку Нилтињо се повреди на мечот со Македонија Ѓорче Петров од 15.коло и ги пропушти останатите мечеви од првиот дел на сезоната.
Нилтињо постигна еден гол за Шкупи во првиот дел од сезоната и тоа победнички против Вардар.

ПретходноЈувентус ја совлада Салернитана со 6:1 и избори четвртфинале во Купот
СледноБарселона победи во Лас Палмас со гол од пенал во 93. минута