Нема сензација, нема чудо. Сепак Лук Хемфрис е светски првак во пикадо, а тинејџерот Лук Литлер, кој има само 16 години, мораше да го признае поразот во спектакуларното финале на СП.
Хемфрис со 7:4 успеа да слави над својот сонародник Литлер.
Тинејџерот стана мега светска ѕвезда по победите со кои стигна до финалето. Ретко кој веруваше дека е роден во 2007 година па мораше да покажува валидни документи. Сите навиваа за него, но сепак титулата да ја освои ќе мора да почека во некоја друга прилика.
LUKE HUMPHRIES IS WORLD CHAMPION! 🏆
Darting destiny fulfilled.
The world number one gets over the line against teenage sensation Luke Littler in a thrilling final! pic.twitter.com/IP6pPaWndm
— PDC Darts (@OfficialPDC) January 3, 2024