Во пресрет на првиот гренслем тениски турнир во 2024 година, оној Австралија Опен во Мелбурн, лоши вести од таборот на Новак Ѓоковиќ. Имено тој е повреден, има проблеми со зглобот на десната рака. Најдобриот во историјата тоа не го крие, но на последната прес -конференција им се закани на конкурентите а се обиде да ги смири своите фанови.
“Никогаш не знаете што може да се случи. Веќе два дена чувствувам извесна нелагодност. Сепак треба да се каже дека двапати на последните три мои настапи на АО бев повреден, но и во двата случаи ги освоив титулите. Се надевам дека сега нема да бидам повреден“ потенцираше Србинот.
Инаку АО започнува на 14 јануари.