Утринава се одиграа повеќе натпревари во НБА. Централна фигура беше Лука Дончиќ, кој уште еднаш, по којзнае кој пат покажа дека е екстра класа. Имено Словенецот на дуелот за својот Далас против Портланд уфрли 41 поени и со тоа и како му помогна на својот тим да победи со убедливи 126:97. Врската Дончиќ – Ирвинг функционираше речиси перфектно, заедно стигнаа до 70 поени за Далас (Карјри застана на 29), па така двајцата постигнаа повеќе поени заедно од сите останати кошаркари на Маверикси.
На Словенецот ова му е седмипат сезонва да постигне најмалку по 40 поени на меч, што засега на никого не му успеало, инаку ова беше 20 победа на Далас.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Кливленд – Вашингтон 140:101, Индијана – Милвоки 142:130, Атланта – Оклахома 141:138, Хјустон – Бруклин 112:101, Мемфис – Торонто 111:116, Минеста – Њу Орлеанс 106:117, Њујорк – Чикаго 116:100, Феникс – ЛА Клиперс 122:131, Јута – Детроит 154:148, ЛА Лејкерс – Мајами 96:110, Сакраменто – Орландо 138:135.