Екипата на Севиља тоне ли, тоне. Андалузискиот тим вечерва на свој терен загуби од Атлетик Билбао со 0:2 и со тоа има девет порази по 19 кола. Толку лош скор последен пат имала во сезоната 2012/13, а три победи во 19 меча имала во сезоните 1957/58, 1967/68 и 1999/20 со тоа што во последните две испаднала во понизок ранг.
Севиља е на 16-тото место на табелата со 16 бодови. Атлетик е на третата позиција со 38 бода.
Пред нив играа Осасуна и Алмерија и победија домашните со 1:0 со гол на Будимир во првото полувреме.
🇪🇸 Goal: Mikel Vesga | Sevilla 0-1 Athletic Clubpic.twitter.com/B1z4UTYd7H
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 4, 2024