Реал Мадрид синоќа во меч од 19.коло во Ла Лига едвај со 1:0 успеа да ја победи Мајорка и со тоа да го задржи лидерското место на табелата. Но далеку од тоа дека беше се бајковито што се вели. По мечот стратегот на “кралевите“ Карло Анчелоти не беше воопшто задоволен и имаше што да им порача на своите играчи, а најмногу поради фактот дека многу лесно добиваат жолти картони:
“Тој е млад и квалитетен“ тука Дон Карло мислеше на судијата Руиз па продолжи:„Премногу протестиравме. Кога видов дека добиваме жолти картони поради приговор тоа воопшто не ми се допадна“.
Инаку во текот на мечот играчите на Реал Мадрид во повеќе наврати не беа задоволни од судењето, па протестираа, бараа своја правда а тоа очигледно е дека не му се допадна на Анчелоти.