Петровски е ново засилување за Кожуф

664

Второлигашот Кожуф денеска и официјално потврди дека Мартин Петровски е ново засилување за тимот пред почетокот на вториот дел од сезоната.

24-годишниот Петровски доаѓа како освежување за средниот ред на клубот и истовремено да ја засили конкуренцијата на таа позиција.

Петровски во Гевгелија се сели од тимот на Каменица Саса, а пред тоа има настапувано и за Работнички, Тиквеш, Плачковица и Слога Виница.

Пред два дена Кожуф објави дека Борче Картов повторно ќе застане меѓу стативите на градскиот стадион во Гевгелија. Голманот Картов се врати во Гевгелија по една сезона мината во Беласица.

ПретходноБез Пешевски на денешниот прв тест со Грците
СледноЧесите најдоа селектор кој ќе ги води на Евро 2024