Синоќа по мечот со Кремонезе, во Купот на Италија, на кој Рома и тоа како се намачи за да дојде до победа од 2:1, Жозе Мурињо повторно имаше свое шоу на прес-конференцијата.
Покрај другото, тој најави дека следниот четврток, на 11 јануари, на Нефликс ќе биде објавен гигантски документарен филм за него и дека се она што ќе може да се види на него ќе биде чиста ексклузива:
„Кога ќе видите некои работи за мене во тој документарец ќе помислите дека сум будала. Инаку сеуште не сум потпишал нов договор со Рома, сепак јас и дадов збор на Рома“ посочи Португалецот.
Покрај ова Жозе имаше што да каже и за Масимо Мауро, некогашен играч на Наполи и Јувентус, кој сега работи како ТВ аналитичар и кој во една прилика жестоко го критикуваше Португалецот.
„Тој не знае да почитува. Тој е некогашен фудбалер и не ги почитува луѓето кои јадат од ист тањир како и тој“ имаше што да каже “Специјалниот“.
Mourinho su Mauro. pic.twitter.com/WmWm63Fg6R
— JosèSeiPerMe (@joseseiperme) January 3, 2024