Централниот дефанзивец на ПСЖ и на словачката фудбалска репрезентација, Милан Шкрињар најверојатно ќе мора да паузира до крајот на тековната сезона.
Според информациите кои доаѓаат денеска, одбранбениот играч заработил тешка повреда на зглобот на натпреварот од Суперкупот на Франција со Тулуз (2:0). Словакот сигурно ќе биде надвор од терените неколку месеци. Периодот на отсуство може да се зголеми доколку лекарскиот тим на парижани одлучи тој да оди на операција.
Шкрињар минатото лето како слободен играч дојде во ПСЖ од Интер.