Тотална доминација и победа на Звезда над Партизан во Евролигата

154

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа големиот ривал Партизан со 88:72 во меч од 19.коло во Евролигата. „Црвено-црните“ доминираа од самиот старт па до крајот на мечот, а на полувреме имаа дури 21 поен предност (50:29). А како домашните играа во првото полувреме зборува и податокот дека имаа дури 15 асистенции наспроти две на кошаркарите на Партизан.
Од друга страна, „црно-белите“ имаа девет изгубени топки, пет повеќе од противникот.

Во вториот дел кошаркарите на Партизан заиграа нешто подобро, но не и да направат комплетен пресврт затоа што тоа беше невозможна мисија со оглед на тоа дека кошаркарите на Звезда го држеа високо нивото на игра.
На крајот десет разлика за Звезда. Најефикасен кај Звезда беше Немања Недовиќ со 16 поени, Гиедраитис и Гилеспи по 14, Теодосиќ 13…
Кај Партизан Кевин Пантер постигна 17 поени, Пери Дозиер 12, Нaнeли и Камински по 11…

„Црвено-белите“ имаат скор од осум победи и 11 порази, додека Партизан има 10-9.
Инаку ова е прва победа на Звезда над Партизан сезонава по поразите во Евролигата (88:86) и АБА лигата (98:87).

 

РЕЗУЛТАТИ
ФЕНЕРБАХЧЕ – МАКАБИ Т.А. 109:74
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПАРТИЗАН 88:72
АСВЕЛ – ЖАЛГИРИС 93:79
ОЛИМПИЈАКОС – МОНАКО 75:73

Standings provided by Sofascore
ПретходноТешка повреда на зглобот: Шкрињар ја заврши сезоната
СледноОбрадовиќ по поразот на Партизан: Добро прашање, само што јас немам одговор