Уште едно признание: Роналдо ќе ја добие наградата „Марадона“

191

Кристијано Роналдо ќе добие уште едно индивидуално признание во својата кариера. Според информациите кои протекоа денеска, Португалецот ќе ја освои наградата „Марадона“ која му се доделува на најдобриот стрелец за изминатата година.

Напаѓачот на Ал Наср, ќе ја добие наградата на „Глоуб Сокер“ наградите во Дубаи. Тој успеа да ги победи Килијан Мбапе и Хари Кејн со 53 постигнати голови во 2023 година.

Роналдо исто така е во трка и за најдобар фудбалер на годината, но и за наградата „миленик на навивачите“.

ПретходноПочнува ЕП во ватерполо: Нов формат и две земји организатори
СледноБез Пешевски на денешниот прв тест со Грците