Без Пешевски на денешниот прв тест со Грците

230

Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, на денешниот прв контролен меч со Грција во Скопје нема да смета на искусниот кружен напаѓач, Жарко Пешевски.

Според информацијата, Пешевски имал температура и нема да може да се појави на денешниот меч. Сите останати ракометари ќе добијат своја шанса и минутажа. Лазаров и утре ќе има можност да ги провери нашите сили и тактика, пред заминувањето на ЕП 2024 во вториот контролен меч со Грција, кој ќе биде од затворен карактер.

Дуелот денеска почнува од 17 часот.

ПретходноУште едно признание: Роналдо ќе ја добие наградата „Марадона“
СледноПетровски е ново засилување за Кожуф