Екс-тренерот на Базел ќе го спасува Келн

65

Тимо Шулц е нов тренер на Келн. Тој доаѓа на местото на Стефан Баумгарт, кој беше отпуштен пред Божиќ.

Популарните „јарци“ новата година ја почнуваат од претпоследното место во Бундеслигата.

46-годишниот Шулц до неодамна го предводеше швајцарски Базел. Тој беше на чело и на германскиот второлигаш Сент Паули во периодот 2020-2022 година. Првиот натпревар на тимот по паузата е на 13 јануари против Хајденхајм.

„Во наредните денови, недели и месеци имаме голема цел пред нас, а тоа е да го задржиме местото во Бундеслигата. Задоволни сме што Тимо Шулц ќе го води тимот бидејќи има карактер и стручност да го подобри потенцијалот на нашиот тим“, изјавил директорот на клубот Кристијан Келер.

ПретходноВечерва ќе “гори“ во Арената во Белград: Мега – пресметка во Евролигата меѓу Ц. Звезда и Партизан!
Следно“Бомба“: Де Брујне во јуни се сели во С.Арабија, ќе игра заедно со Роналдо?!