Елмас: Дајте ми четири до пет месеци и ќе го видите најдоброто од мене

2994

Елиф Елмас даде интервју за сајтот на РБ Лајцпиг во кое ги кажа импресиите во новата средина, очекувањата и плановите со клубот од Саксонија.
Трансферот на Елмас беше потврден непосредно пред Новата година, а тој доаѓа да го засили средниот ред на Лајпциг кој остана „тенок“ поради заминувањето на Карваљо и Форсберг.
Се се случи многу бргу. Среќен сум овде, знам дека дојдов во добар и квалитетен тим. Ова е голем предизвик за мене и за сега сум задоволен како се одвиваат работите. Лајпциг е голем клуб во Германија. Ми се допаѓа како работат со младите играчи. Имам 24 години, млад сум и сакам да напредувам. А Лајпциг е вистинското место за тоа“, изјави Елмас.

За првите денови во тренинг кампот во Шпанија.
Се ми е ново, полека се привикнувам. Тренерот (Марко Росе) беше јасен што сака да види и знае како да работи за да ги подобри младите фудбалери. Сега апсорбирам сè што можам за подобро да ги сфатам основите на теренот“.

За неговата омилена позиција.
Сакам да играм ‘десетка’, но можам да играм било каде во средниот ред“.

За своите планови во Лајпциг.
Ќе се преселам во Лајпциг со моето семејство. Моите родители и браќата и сестрите ќе дојдат со мене. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за РБЛ и добро го познава градот. Ми даде неколку совети.
Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да го зборувам јазикот, бидејќи ќе можам поефективно да комуницирам со моите соиграчи. Дајте ми четири или пет месеци за да се снајдам, потоа ќе го видите вистинскиот Елмас“.

За голот против Германија во квалификациите за СП
Еден од омилените голови. Се сеќавам на моментот. Тоа беше голем ден за нашиот национален тим“.

ПретходноЛазаревски одигра одлично, но остана скромен: Колективот го„исфрла“ поединецот на површина
СледноНанели со среден прст одговори на свирежите од навивачите на Звезда