За првпат во клупската историја: Арсенал на ФА куп мечот со Ливерпул во комплетно бели дресови

175

Арсенал овој викенд за првпат во клупската историја ќе настапи со комплетно бели дресови на домашен терен. „Топчиите“ се дел од кампањата на клубот против криминалот и насилството кај младите.

„Топчиите“ ќе се сретнат со Ливерпул во третото коло од ФА Купот на стадионот „Емирати“ во недела попладне и ќе носат целосно бел дрес за првпат во нивната 138-годишна историја.

Нормалниот домашен црвено-бел дрес на Арсенал ќе биде ослободен од црвена боја како дел од кампањата „Нема повеќе црвено“ која треба да помогне во борбата против криминалот, нападите со ладно оружје и насилството меѓу младите на улиците на Лондон.

ПретходноПелистер остана без Американецот: Бернард се пресели во Хелиос Домжале
СледноИако го оспоруваат: Онана за 24 часа ќе настапи на два меча на два континенти!