Не е тајна дека ФК Тетекс, некогашниот гигант е во голема криза, пред се финансиска од која никако не може да се извлече. Клубот кој пред четири децении играше во иста лига со Партизан, Ц. Звезда, Динамо, Хајдук, Вардар и другите во елитната лига во екс – СФРЈ, клубот кој двапати го освојуваше Купот на Македонија, сега е во тешка финансиска криза.
Токму затоа од клубот преку својот ФБ профил упатија јавен повик за да се донираат средства за клубот.
Овој повик ви го пренесуваме во целост:
Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово во последните години ги доживува најтешките моменти од своето постоење во поглед на финансиите. Затоа потребна му е нашата подршка, подршката од сите симпатизери, сите тетовчани, сите Војводи, сите Македонци и сите љубители на фудбалот и спортот. Сите сега сме му потребни на Тетекс, од оние кои живеат во Тетово и насекаде низ Македонија, па се до оние кои живеат на другиот крај од светот. Тетекс, Тетово, Војводи и Македонија ќе ви бидат благодарни за секое одвоено финансиско средство со цел помош на ФК Тетекс Тетово.