Селекторот Кире Лазаров по победата над Грција испрати апел до клубовите да работат со младите македонски играчи и да им даваат поголема шанса затоа што само така ќе се има квалитетен национален тим.
„РФМ функционира перфектно, меѓутоа националните тимови зависат од нашите клубови. Нашата лига, како што одминува времето, е подобра, но мора да се вложува во клубовите, да се посвети внимание на младите играчи и да им се даде шанса на македонските играчи но и да се бара одговорност од нив. Се разбира со нив мора да работи и квалитетен кадар.
Ако ние напредуваме, другите напредуваат двојно. Ние имаме добра лига, а апелирам до клубовите во иднина да посветуваат поголемо внимание на младите македонски играчи затоа што само така ќе имаме квалитетна репрезентација “, заврши Лазаров.
Дома Ракомет Европско првенство 2024 „За да имаме квалитетна репрезентација клубовите мора да вложуваат во младите играчи“