Митревски: Имаме многу силни противници на ЕП, но се е можно

102

Македонскиот голман Никола Митревски е задоволен од тоа како се одработени подготовките за ЕП, а вели дека може уште подобро.
Во Стара Пазова одработивме добри осум-девет дена, беше доста напорно, но потребен е таков подготвителен период, одигравме и натпревар против Црна Гора, двапати меѓу нас. Ги добивме двата меча, а што се однесува до натпреварот со Грција го почнавме во грч но потоа се вративме, одигравме солидни последни 10 минути од првото полувреме, каде што успеавме да го преземеме водството.
Второто полувреме го почнавме одлично каде направивме разлика од шест-седум голови имавме и напад за осум. Грците не се слаба репрезентација имаат добри играчи, не за џабе се на ЕП.
Имаме време до ЕП, сега малку сме “тешки“, малку уморни. Ќе се консолидираме и да поправиме некои грешки“, изјави Митревски.

За плановите на ЕП?
Одиме натпревар по натпревар. Знаеме со кого играме, ги имаме најголемите фаворити за противници. Нема да се откажеме туку така, ќе пробаме да одиграме максимално, па се е можно“, додаде македонскиот голман.

ПретходноЛазаров: Имаме талент, желба и одлични дечки, се надевам дека ќе бидеме уште подобри
Следно„За да имаме квалитетна репрезентација клубовите мора да вложуваат во младите играчи“