Обрадовиќ по поразот на Партизан: Добро прашање, само што јас немам одговор

3359

Кошаркарите на Партизан се поразени убедливо од Звезда во вечното дерби во рамките на Евролигата што е деветти пораз сезонава во ова натпреварување. Тренерот Жељко Обрадовиќ и честиташе на Звезда на победата.
Звезда беше подобра вечерва, речиси од првата секунда, па до последната играа подобро и заслужија да победи“.

Партизан на полувреме имаше -21 и на прашањето дали тоа е најлошо прво полувреме сезонава во Евролигата, Обрадовиќ одговори:

Веројатно сте во право, најлошо прво полувреме“.
На прашањето која е причината за лошото издание на Партизан, дали распоредот, играта на Звезда или нешто друго, искусниот тренер одговори.
Да, тоа е убаво прашање, само што јас немам одговор на тоа прашање“.
Потоа продолжи…
Ако екипа како Партизан, која ја игра втората сезона во Евролигата, зборувам за моите играчи кои два пати ја победија Звезда сезонава, има девет изгубени топки, а две асистенции, тој што следи кошарка ќе заклучи дали нападот функционирал. Тоа е без идеја. Напад не постоеше. Не знам дали бев јасен“.

ПретходноТотална доминација и победа на Звезда над Партизан во Евролигата
СледноЈувентус ја совлада Салернитана со 6:1 и избори четвртфинале во Купот