Како што велат нашите инфрмации, Тиквеш е пред потпис со Артјомс Пузиревскис (20), инаку младински репрезентативец на Летонија. Висок е 190 см, станува збор за класичен напаѓач а за У-21 селекцијата а својата земја има 8 настапи и постигнат еден гол. И тој гол токму против Македонија во март 2023 година во пријателски меч.
Инаку доаѓа од клубот Мета, се очекува да биде големо и екстра засилување за тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов.
Кога сме кај Тиквеш и зимскиот преден рок, кавадарчани имаат намера да ангажираат уште два до три нови, квалитетни, имиња.