Чесите најдоа селектор кој ќе ги води на Евро 2024

152

Иван Хашек е нов селектор на фудбалската репрезентација на Чешка.

Хашек потпишал договор до ноември 2025 година, со можност за продолжување на соработката доколку Чешка се пласира на Светското првенство во 2026 година, откри претседателот на федерацијата, Петр Фоусек.

Хашек на претставувањето изјавил дека му е чест што се вратил во репрезентацијата, која ја водеше на пет натпревари од 2009-2010 година.

Тој на клупата го замени Јарослав Шилхави, кој на 20 ноември поднесе оставка по последниот меч во квалификациите за ЕП и победата против Молдавија (3:0) која ја однесе Чешка на ЕП 2024.

ПретходноПетровски е ново засилување за Кожуф
СледноТемелков потпиша за косовски Феризај