Екипата на Јувентус е четвртфиналист во Купот на Италија по вечерашниот триумф над Салернитана со 5:1. Во четвртфиналето „Старата дама“ ќе игра со Фросиноне кој минатиот месец до тука стигна по триумфот над Наполи со 4:0.
Јувентус на полувреме имаше предност од 2:1. Прво Салернитана дојде во предност уште во првата минута со гол на Иквуемеси.
Но во 12. и 35. минута Мирети и Камбијасо донесоа пресврт.
Во второто полувреме погодија уште Ругани, а четвртиот гол беше автогол на Брон, а петтиот го постигна Кенан Јилдиз во 89 минута и последниот Тимоти Веа во првата минута од судиското продолжение на мечот.
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
БОЛОЊА – ФИОРЕНТИНА
АТАЛАНТА – МИЛАН
ЛАЦИО – РОМА
ЈУВЕНТУС – ФРОСИНОНЕ