Баркли го праша Јокиќ дали имаше намера да ја погоди таблата: Пријателе, влезе… (ВИДЕО)

12816

Никола Јокиќ од 12 метри погоди тројка за победа на Денвер Нагетс од 130:127 против Голден Стејт Вориорс. Српскиот центар уште еднаш стана херој на својот тим откако на 3,6 секунди донесе радсот во редовите на својот тим.

Најголемата ѕвезда на Денвер и еден од најдобрите кошаркари на денешницата упати удар, а топката од табла заврши во кошот. По мечот, Јокиќ разговарашње со Чарлс Баркли, кој со својот одговор ја насмеа легендата.

„Пријателе, влезе. Среќен сум“, одговори Јокиќ, кој беше за еден скок прекраток за трипл-дабл ефект. Мечот го заврши со 34 кошеви, девет украдени топки и 10 асистенции.

Јокиќ беше пофален и од тренерот на тимот Мајкл Мелоун по натпреварот: „Посакувам да ви кажам дека му реков да дрибла на десната страна и да ја фрли топката… Тој е одличен играч, направи одличен потег кога мечот се решаваше“.

ПретходноПет дена до ЕП 2024, Кузмановски со силна порака: Чест и задоволство е да се игра за Македонија!
СледноСветски првак ќе игра тест со Македонија во Анталија!?