Македонија ја победи Грција и на втората контрола

909

Македонската ракометна репрезентација во победнички ритам ќе го дочека Европското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров беа подобри од Грција и на втората пријателска средба, славеа со 29-28 (15-12). Стрелец на победничкиот гол е Никола Костески, тој беше прецизен од седум метри.

Нашите момци беа подобри во првото полувреме со 15-12, додека во вториот дел битката на теренот беше поизедначена, но победата сепак ја однесоа „црвено-жолтите“ кои со многу поголема самодоверба ќе патуваат за Германија.

Ова е последен контролен меч за нашите ракометари пред стартот на Европското првенство. Во рамките на подготовките запишаа три победи, две против Грција и една против Црна Гора.

Кирил Лазаров и неговите избраници на осми јануари патуваат за Дизелдорф каде ќе ги одмерат силите со Франција, четири дена подоцна е мечот со Германија, додека групната фаза ја завршуваме против Швајцарија.

ПретходноЛегендарниот Паоло Малдини ги одбра најдобрите тројца во историјата!
СледноЈанакиевски е нов тренер на Башкими