Денвер Нагетс го совлада Голден Стејт Вориорс со 130:127 во неверојатна завршница, со тројка на Никола Јокиќ со звукот на сирената од речиси 12 метри. На само седум и пол минути до крајот Вориорс имаа +18 и, се чинеше, победа ја имаат во свои раце.
Актуелниот шампион во НБА лигата на чудесен начин стигнаа до 11. победа во последните 13 натпревари и шеста во низа на гостински терен. Останаа 3,6 секунди до последниот напад на Нагетс, а Арон Гордон ја зеде топката од страна, длабоко во својата половина од теренот. Му додаде на Јокиќ, тој мина половина од теренот и се крена да шутира два-три чекори по центарот. Топката помина низ обрачот откако удри во таблата.
Watch EVERY ANGLE of Jokic’s 39-foot #TissotBuzzerBeater! pic.twitter.com/dZrmrxAEMZ
— NBA (@NBA) January 5, 2024
Српскиот центар медчот го заврши со 34 поени (13/16), девет скока и 10 асистенции. Гордон додаде триесет поени со девет асистенции. Стеф Кари, беше најефикасниот играч на Вориорс, застана на 30. Клеј Томпсон додаде 24.
На втората средба, Милвоки славеше против Сан Антонио со 121-125. Адетокумбо постигна 44 поени и 14 скока.