Гостивар имаше добра полусезона во есенскиот дел, посебно ако се знае каков лош старт имаше. Потоа влезе во добра серија и на крај заврши на петтата позиција, со три бода помалку од Силекс. Познато е дека Гостивар како клуб го има еден од најголемите буџети во ПМФЛ, па затоа интересно е што ќе прави овој клуб во зимскиот преоден рок.
Сепак уште ништо не се знае. Се очекува првите луѓе на клубот итре да имаат состанок со спонзорот и да се решат сите дилеми. Се знае само дека зимските подготовки ќе стартуваат на 9 јануари. Исто така не е одлучен дали натаму тимот како В.Д. тренер ќе го води Муарем Муарем кој воедно е и спортски директор или пак ќе се постави некои ново име на клупата.