И официјално: Јетон Беќири е новиот тренер на Шкендија! (ФОТО)

212

Од денеска и официјално, Јетон Беќири е новиот шеф на стручниот штаб на Шкендија, на еден од нашите најтрофејни клубови. Она што „СпортСпорт“ во текот на изминатите денови во неколку наврати го најавуваше, денеска доби и потврда. Еден од нашите најдобри стратези повторно е на клупата на тетовските “црвено – црни“, но сега и официјално како шеф со намера во иднина да го врати сјајот на тимот од пред две – три години кога Шкендија едноставно беше најдобра во ПМФЛ.

Денеска раководството на Шкендија го промовираше Бечќири, а тој за клупскиот сајт изјави:

„ Да се ​​биде тренер на Шкендија е голема привилегија и задоволство, но во исто време е и одговорност и мој личен предизвик. За ова сакам да им се заблагодарам на раководството на клубот и на сопствениците за укажаната доверба, со надеж дека на крајот резултатите ќе ни дадат право и ќе ги постигнеме целите“.

 

 

ПретходноКостески: Можеме и мораме да играме многу поквалитетна одбрана!
СледноУште едно големо признание за Миовски, овој пат од шкотската легенда