Карло Анчелоти: Ѓулер утре ќе го има своето деби, Белингем е најдобар во светот!

799

Утре Реал Мадрид ќе има гостување кај Арандина, четворолигаш и тоа во рамките на Купот на Кралот. Тоа беше повод за денешниот прес на стратегот на “кралевите“ Карло Анчелоти.

Дон Карло покрај другото ги израдува фановите на овој клуб со најавата дека утре во дресот на Реал ќе дебитира турската ѕвезда Арда Ѓулер кој летоска дојде во Мадрид, но немаше среќа, постојано беше повреден.

Ќе има неколку промени во тимот, но јасно е дека Арда Ѓулер ќе биде во комбинација за настап и со би го имал своето деби во дресот на Реал Мадрид“посочи Италијанецот а за Џуд Белингем истакна:

Морам да го пофалам Белингем за тоа како се адаприраше во Реал Мадрид, очигледно е дека тој е најдобар фудбалер во светот во овој момент со се она што покажува“.

ПретходноНе им доаѓа памет: Челзи ќе даде 170 милиони евра за играч кој осум месеци е под суспензија!
СледноЕХФ пред ЕП 2024 прашува: Има ли подобар стрелец од Лазаров? (ВИДЕО)