Костески: Можеме и мораме да играме многу поквалитетна одбрана!

203

Македонската ракометна репрезентација доаѓа кон самиот крај на подготовките за настап на Европското првенство 2024 година. Нашите момци вчера ја победија Грција со 33-30 на првиот од двата пријателски натпревари, а веќе денеска ги чека втората контрола, која е последна пред заминувањето за Германија.

„Ова не беше нималку лесен натпревар, но со квалитетна игра успеавме да го добиеме. Во голем дел од првото полувреме тие имаа водство, но ние успеавме да се вратиме, да ја преземеме контролата над резултатот, да доминираме до крајот и да стигнеме до победата.

На овој натпревар одигравме голем дел од работите што ги договаравме и што ги трениравме во изминатиот период и мислам дека сите сме задоволни. Секако, секогаш постои простор за напредок, свесни сме дека секако можеме да одиграме подобра одбрана. Можеме и мораме да играме многу поквалитетна одбрана од овој меч на претстојното ЕП, токму од цврста одбрана тргнува и нашето најквалитетно оружје, голови од контри и полуконтри“, изјави Ненад Костески, кон на првата средба против Грција постигна шест гола. 

ПретходноПо Македонија, Ѓикиќ со нова селекторска улога
СледноИ официјално: Јетон Беќири е новиот тренер на Шкендија! (ФОТО)