Како што дознаваме, Силекс има намера да се засили со Усман Маронг (24), напаѓач од Гамбија, кој во изминатата есен беше дел од тимот на Воска Спорт. Маронг беше дел од Брера Струмица од времето кога таму тренер беше Александар Васоски, и остави одличен впечаток, па затоа Васоски, сега како тренер на кратовци, инсистира Гамбиецот да дојде во неговиот нов тим.
Инаку колку за потсетување, Усман Маронг пред 4-5 години беше дел од Ц. Звезда, а сега е пред потпис со Силекс.