Не им доаѓа памет: Челзи ќе даде 170 милиони евра за играч кој осум месеци е под суспензија!

1816

Како што попладнево известуваат медиумите од Островот, Челзи е спремен за уште еден мега – трансфер, кој со сите бонуси би изнесувал неверојатни 170 милиони евра. Имено Маурицио Покетино го бендисал Ајван Тони, напаѓачот на Брентфорд кој е и репрезентативец на Англија, а Тод Боли не прашувал за цена. Имено газдата на “сините“ од Лондон е свесен дека му потребен квалитетен напаѓач и тој е подготвен да го урне клупскиот, но и британски рекрд во висина за еден трансфер.

Брентфорд нејќе да чуе да ја продаде својата ведета за помалку од 120 милиони евра, а тука се и бонусите па така ако сака Челзи да го има во своите редови Тони, ќе треба да искешира 170 милиони евра.

Нај интересно е тоа што Тони нема играно цели осум месеци откако беше суспендиран поради обложување, но сега во јануари суспензијата му истекува.

Очигледно е дека на луѓето во Челзи им доаѓа памет.

ПретходноГостивар стартува на 9 јануари, допрва ќе се знае кој ќе ја води екипата во пролетниот дел!
СледноКарло Анчелоти: Ѓулер утре ќе го има своето деби, Белингем е најдобар во светот!