Нема полуфинале за Рафаел Надал на турнирот во Бризбејн, што секако дека е големо изненадување. Шпанецот во 1/4 финалето е поразен од Џордан Томпсон, тенисер кој во моментов е 55-ти на АТП листата, и тоа со 2:1 во сетови.
Интересно Надал имаше речиси добиен меч, кога во вториот сет, имаше три меч топки, но успеа да го загуби сетот, а на крај го загуби и третиот сет за конечни 1:2 за Австралиецот.
Првиот сет Шпанецот, кој се врати на тенисот по речиси една годинам го доби со 7:5, во вториот беше 6:8 во тајбрејк а третиот заврши со 3:6 за Томпсон кој во полуфиналето ќе игра со Григор Димитров.
Инаку мечот траеше 3,5 часа, а лошо за Рафа е тоа што се повреди во пресрет на АО во Мелбурн.