Победникот на Африканскиот куп на нации во 2024 година ќе добие рекордна парична награда од седум милиони долари, соопшти Африканската фудбалска конфедерација (CAF).
Ова е повеќе од 40 проценти повеќе отколку што доби Сенегал кога го освои шампионатот во 2022 година во Камерун.
Второпласираната селекција ќе добие четири милиони долари, додека третата и четвртата на турнирот ќе заработат по 2,5 милиони долари.
На Африканскиот куп на нации ќе учествуваат 24 земји, меѓу кои домаќинот и Египет.
Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска.