Се уште нема договор: Санчо оставен во меѓупростор меѓу Манчестер и Дортмунд

152

Позајмицата на Џејдон Санчо во Борусија Дортмунд е одложена.

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше многу блиску до враќање во Борусија на позајмица оваа зима, но и покрај сите медиумски најави истата се уште не е затворена. Санчо требаше да му се приклучи на германскиот тим на 5 јануари, а „црвените ѓаволи“ да добијат околу 3 милиони евра.

Според „Скај Спортс“, Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд се уште не постигнале целосен договор за Санчо. Преговорите меѓу клубовите се во тек, но договор нема. Најновите вести велат дека Дортмунд најверојатно нема да добие право на откуп на крајот на закупот.

ПретходноЈанакиевски е нов тренер на Башкими
СледноАнглиската полиција на „готовс“: Хулиганите на Сандерленд и Њукасл се подготвуваат за „војна“