Новиот тренер на Жалгирис, Андреа Тринкиери беше крајно незадоволен по поразот на неговиот Жалгирис од Асвел. За време на еден од тајм-аутите имаше интересна порака до своите играчи.
“Оваа игра се вика кошарка. Ако се плашите да шутирате затоа што се плашите да не згрешите, тогаш правете нешто друго во вашиот живот. Треба да играте шах. Никој овде нема да крене прст ако промашите добар удар”, рече Тринкиери.
Coach Trinchieri: “If you are afraid to shoot the ball, you should play chess, the game is called basketball”#EuroLeague pic.twitter.com/3EqV7ce32S
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) January 4, 2024
Тајм-аутот на Тринкиери го коментираше и селекторот на српската шаховска репрезентација, Миодраг Перуновиќ.
„Уште еден „интересен“ коментар за шахистите. Тренерите во последно време се почесто даваат вакви коментари. Тажно…“, објави на социјалните мрежи.
Следните два меча тимот од Каунас ќе ги игра против Валенсија и Барселона во Шпанија.