Турскиот гигант Фенербахче испрати понуда до Манчестер Јунајтед за ангажирман на напаѓачот Ентони Марсијал. Според турските медиуми, Фенер на англискиот клуб му понудил 8 милиони евра за 28-годишниот напаѓач.
Информациите доаѓаат еден ден откако менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг изјави дека управата веќе преговара со фудбалерот за нов договор. Неговиот актуелен договор истекува ова лето.
Фенербахче се надева дека нивниот добар однос со Манчестер ќе им помогне да преговараат за поповолен договор за Марсијал.